Ова се резулатите што парнтерите ќе ги развиваат во склоп на рамките на проектот.
За ДИГИТАЛНА УМЕТНОСТ сметаме секаков вид на уметнички израз кој е создаден со употреба на користење дигитални технологии и алатки но… како можеме да го користиме тој свет
Ако сакате да истражувате и да експериментирате повеќе во ова интересно поле, погледнете ја играта “Young Digital Artist” и научете повеќе за 3D моделирање, типографска или векторска уметност, нето уметност, фотографија и дигитална слика или дигитална музика или звук.
Главните елементи на иновациите лежат во капацитетот на младите луѓе и младинските работници да соработуваат, да работат заедно и да вршат анализа на моделите и потребите на нивната моментална ситуација и да го трансформираат заклучокот во активности на локално ниво – кои ќе бидат префрлени на меѓународно сценарио понатаму. Ова ќе ги спои концептите на дигитална уметност, социјалната инклузија и младинска работа и ќе ги стави во рацете на крајните корисници и актерите. Тие ќе можат да развијат активности кои 100% одговараат на нивните потреби и грижи и ќе можат да научат од тоа збир на вештини и компетенции кои потоа ќе бидат многу важни за нивното идно учество на пазарот на трудот.
Научи повеќе за новите техники и стратегии за работа со НЕЕТ, и како да се промовира нивна социјална инклузија и пристап до пазарот на трудот преку експериментирање со уметнични израз и нови дигитални формати
Да им помогнеме да ги ревалоризираат нивните уметнични и креативни потенцијали со подобрување на нивните способности и компетенции и да научат за новите едукативни техники.